Русија ја зафати најсилното невреме во последните 40 години, придружено со обилен снег и невреме, четири лица загинаа, а два милиони луѓе останаа без струја.
Во апокалиптичната бура што го зафати Крим, едно лице загина, десет се повредени, а стотици се евакуирани. Затворени се десетици автопати, а заробени се 1.300 камиони и 840 автомобили.
Снежните наноси на места беа високи два метри, а најпогодени се јужните и централните делови на Украина.
Во Москва делови од градот беа затрупани од огромни снежни наноси кои го попречија транспортот, ги одложија летовите и го отежнаа движењето на пешаците.
Во соседна Бугарија, обилните снежни врнежи доведоа до затворање на многу патишта. Исто така, повеќе од илјада домови останаа без струја.
Огромните врнежи не ја заобиколија ниту Германија, патот до работа беше голем предизвик за граѓаните бидејќи патиштата беа покриени со снег и мраз.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.