НЕЗАПАМЕТЕНА ТЕПАЧКА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО БЕЛГРАД: Пензионерите се степале за ќебапи, а потоа жена легна над фрижидерот (ВИДЕО)

Се тепаа и во Шабац и Станов кај Крагуевац. На видеото се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да ги земат.

НЕЗАПАМЕТЕНА ТЕПАЧКА ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО БЕЛГРАД: Пензионерите се степале за ќебапи, а потоа жена легна над фрижидерот (ВИДЕО)

БЕЛГРАД – Во супермаркетот на познат синџир кој со години работи во Србија, денеска во Борча настана тотален хаос и невидена тепачка меѓу постари клиенти.

Туркање, лактање и општа тепачка избиа поради пониската цена на говедскиот и свинскиот ќебап?! На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката на пензионерката на која се гледа како една постара жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време ги спречува другите да ги земат.

На акцијата се собраа голем број повозрасни граѓани, која предизвика тотален хаос. Не се гледа кој што зема и колку пакети, луѓето викаат, се туркаат, а споменатата жена во еден момент дури со горниот дел од телото „влезе“ во фрижидерот за да ги одбрани пакетите што имала намера да ги земе, пишува Мондо.

Промоцијата за свинско и говедско кабаби завршува денеска, а цената за килограм е 319,99 динари (околу 160 денари). Акцијата започна во четврток на 23 март, а завршува денеска, поради што настана гужва и тепачка.

„Госпоѓо, госпоѓо ве молам… Ќе повикаме обезбедување, ова нема смисла“, гласи коментарот на една жена среде тепачка за ќебапи од говедско и свинско месо. Голем број граѓани стојат пред и чекаат да влезат и се обидуваат да се изборат за ќебапи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.