Некои луѓе не можат да останат дома за време на пандемија

Настојувајќи да го објаснат игнорирањето на опасноста од новиот коронавирус и луѓето кои „се однесуваат по старо“, психолозите со кои разговараше Си-Ен-Ен, наоѓаат низа објаснувања, од кои поголемиот број се сведуваат на човечката природа.
Гордон Асмундсон, професор по психологија на Уннверзитетот Реџина во Сасјачеван, проучувајќи ја ова општествена појава ги подели луѓето на три групи врз основа на тоа како реагираат на пандемијата: „прекумерно послушни“, „недоволно послушни“ и „тие некаде помеѓу“.
„Прекумерно послушните“ се панични купувачи кои одеднаш трупаат резерви артикли за повеќе месеци. Тие се плашат, имаат резерви, дури и само трупаат тоалетна хартија, со што го ублажуваат стравот.


„Недоволно послушните“ без паника го прават тоа што се бара од нив и не се однесуваат лековерно, што за време на пандемија е корисна „златна средина“.
„Тие некаде помеѓу“ се оние кои не се придржуваат до упатствата на здраствените власти, сметајќи се себе си за неповредливи, не ја почитуваат препорачаната дистанца од другите и веруваат дека нема да се разболат, и покрај тоа што им се кажува дека оддалеченоста може да го спречи ширењето на заразата.
Тие „недоволно послушните“ затоа можат да бидат виновни ако вирусот продолжи да се шири уште медеци.
Немоќни луѓе
– Како и паничните купувачи кои трупаат тоалетна хартија и „недоволно послушните“ всушност се чувствуваат немоќно, но тие со тоа што не паничат, туку „пркосат“, си создаваат чувство дека ризикот од вирусот е помал отколку што е, изјави директорката на Клинички истражувања при Американското психолошко здружение Вејл Рајт.
– Една од потешкотиите со неизвесноста е тоа што таа не потсетува на работите кои се вон наша конторла. Мислам дека тие што пркосат со тоа се обидуваат повторно да ја вратат контролата, истакна таа.


На некои им се чини дека Ковид-19 е далечен проблем на некои жители во далечните пренаселени градови и други земји, па тоа е „многу тажно, но тоа е нивна грижа“.
Кој полесно се дистанцира?
Луѓето во заедницата каде инфекцијата не е распространета или каде не е воведено ограничување на движењето помалку се расположени да се дистанцираат од другите, рече Стивен Тејлор, клинички психолог и автор на книгата „Психологија на пандемијата“ – историски поглед на луѓето во таква криза.
Со тоа, коронавирусот, рече тој за Си-Ен-Ен, создаваат „инфодемија“: во медиумите, на социјалните мрежи и во разговорите со другите, толку многу се зборува за вирусот, што луѓето „едноставно стануваат незаинтересирани“ за таа тема.
Преоптоварувањето со информации придонесува и до настанување на збунувачки пораки. На пример: повеќе пати кажаното дека ризикот од зараза помал кај помладите луѓе, тие почнуваат да не се плашат од вирусот.
Тоа не е само генерациски проблем бидејќи западниот свет, а посебно на САД, веќе долго ги ценат индивидуалните слободи, дури некогаш и повеќе од благосостојбата на заедницата, а за време на пандемија таквиот став може да биде погбен за најзагрозените, рече Тејлор.
# Остани дома
Затоа здравствените работници, познатите личности и други ги повикуваат граѓаните да останат дома не само поради себе, туку и поради другите луѓе.
– Заедничкиот, општествен напор е единствен начин за управување со пандемијата. Секој мора да биде повнимателен, не само поради себе, рече Тејлор.
Сите тројца психолози велат дека луѓето копнеат за социјални врски и дека ги боли ако тоа им се ограничи на подолг период.
Тоа може да биде посебно тешко за повозрасните лица кои се во поголем ризик од смртност, депресија и осаменост, а се помалку подготвени да ги користат дигиталните средства за комуникација.
Ние сме општествени суштества, рече Асмундсон, „имаме и низа слободи, па е тешко да се внесат промените што се бараат од нас“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.