Неколку часа по атентатот, Трамп ја продолжи изборната кампања во Њу Џерси

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше цел на атентат, за време на неговиот изборен митинг во Пенсилванија во саботата.

Со увото покриено со крв, Трамп веднаш беше симнат од сцената. Напаѓачот бил мртов, а Тајната служба го истражува пукањето како обид за атентат, изјави извор за Ројтерс.

Приватниот авион на Трамп кратко по атентатот во неделата нешто по полноќ слета на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси.

Видеото објавено на социјалните мрежи го прикажува поранешниот претседател како се спушта од авион, опкружен со агенти на американската тајна служба и тешко вооружени членови на тимот за контранапад на агенцијата. Трамп планираше да ја помине ноќта во својот приватен голф клуб во блискиот Бедминстер, Њу Џерси.

Пронајдете не на следниве мрежи: