„Немав што да преболам“рекол Харис Џиновиќ кога го прашале за Мелина, а потоа ја спомнал неговата нова љубов

Пејачот Харис Џиновиќ по 22 години љубов се разведе од Мелина Џиновиќ , а сега истакна дека повеќе нема да ја споменува нејзината поранешна сопруга.Во последните месеци главна тема беше разводот на славниот пар, особено откако Харис отворено ги откри деталите од нивната врска, а сега реши да го промени тоа. Се што ми се случува во животот е нормално! Цел Холивуд се разведуваше 100 пати, а и Белград… Па, тој уште постои. А Бред Пит и Анџелина се разведоа, што сега? – рекол Харис, а потоа налутено додаде:– Нема повеќе да зборувам на таа тема! Ниту бев болен, ниту имав што да преболам.Харис одговори и на прашањето за новата девојка.– Што се однесува до нова љубов, сè уште немам. Да ја имав таа ќе беше тука со мене – изјавил тој за Пинк.

Пронајдете не на следниве мрежи: