Немало предавање на писмо при транспортот на Палевски и Кешишев, тврди директорот на Шутка

Имало ли протоколарни пропусти од страна на затворската полиција при спроведувањето на обвинетите Љупчо Палевски и Влатко Кешишев од затворот во Шутка до Кривичниот суд? Ова прашање се отвори откако еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, до судот достави своерачно потпишана изјава, во која го амнестираше Палевски од одговорност, тврдејќи во изјавата дека Палевски воопшто не бил на местото на убиството на девојчето Вања, туку наводно спиел во штабот на политичката партија „Десна“ во времето на кривично-правниот настан.

Денеска пак, Кешишев ја повлече оваа изјава со ново тврдење – дека Палевски му ја дал таа изјава за време на транспортот во затворското комбе, за тој своерачно да ја препише и да му ја достави на судот. Кешишев истакна дека преписот го направил од страв од Палевски и ја депонирал изјавата до судот.

„Слободен печат“ се обрати кај директорот на КПУ Затвор Скопје Бобан Утковски. Тој вели дека веќе разговарал со полициските службеници кои го вршеле транспортот и од нивна страна било негирано предавање на лист хартија од страна на Палевски кон Кешишев.

Разговарав со полициските службеници кои ги спроведувале двајцата обвинети Љупчо Палевски и Влатко Кешишев од судот до затворот и од нивна страна ми е кажано дека предавање на писмо – немало. Протоколот на транспортот е таков, или позади во возилото да има полициски службеник со обвинетите, или да има вклучено камера во текот на транспортот. Меѓу првиот и вториот пат кога е вршен транспорт на двајцата во исто возило (што не е забрането со Закон), извршен е преглед на ќелиите на четворица од обвинетите и не се пронајдени ниту писмо, ниту мобилни телефони, рече Утковски.

Пронајдете не на следниве мрежи: