Еден новопечен татко се соочил со голем проблем, непосредно откако тој и неговата сопруга станале родители.
И покрај многуте обврски, нивниот сексуален живот почнал да трпи. Тој ѝ се пожалил на својата терапевтка, која веднаш знаела како да му помогне.
„Јас сум романтичен човек кој сака секс, но мојата сопруга не е таква. Таа мисли за парите и статусот. Не сакам да ја изневерам, но полека губам разум без секс, откако нѝ се роди детето.
Повеќе не водиме љубов. Не сакам да ја изневерам, но ќе полудам без љубов. Чувствувам дека на овој начин не можеме да продолжиме понатаму“, објаснил мажот и додал дека нивната ќерка сега има 18 месеци, а тој и сопругата се во рани 30-ти години.
Терапевтката веднаш му дала совет.
„Не е невообичаено жените да ја загубат желбата за секс откако ќе родат. Ова може да биде големо разочарување за нивните партнери кои едвај чекаат сè да се врати во нормала. Засега бидете трпеливи“, заклучила таа.