НЕМА ДОЖД ЗА ПРВИ МАЈ: УХМР со најнова прогноза

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Во следните два дена ќе преовладува сончево време, утре со засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, особено во петок.

За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.