Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР.
Дојава за поставена експлозивна направа добиле средните училишта, Марија Кири, Раде Јовчевски Корчагин, Јосип Броз Тито, Цветан Димов, Михајло Пупин, Панче Караѓозов, Владо Тасевски, Орце Николов, Кочо Рацин,Георги Димитров, Васил Антевски Дрен
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.