На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина!
Камерата на телото на војникот ја снимила грозоморната егзекуција на двајца противници кои го фрлиле оружјето и ги кренале рацете во знак на предавање.
- Најмалку 5 загинати во шумските пожари во Калифорнија, се стравува дека бројот ќе расте: Над 130.000 евакуирани (фото)Најмалку пет лица загинаа во пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и- прочитај повеќе
- Кучето патувало 200 километри за да стигне до сопствениците кои се откажале од него: Кога го пронашле, кучето плачелоПриказната за лојалноста на кучињата може длабоко да не трогне, а Манора е вистински- прочитај повеќе
- Даниловски: Нема потреба од паника од метапневмовирусЕпидемиологот и поранешен министер за здравство, Драган Даниловски тврди дека нема потреба- прочитај повеќе
- Биткоинот падна под 95.000 долариЦената на биткоинот денеска се спушти под 95.000 долари, откако скокот на- прочитај повеќе
- Русите жестоко го нападнаа Запорожје: Крвавите судири на фронтот не престануваат, 13 загинати, десетици ранетиВо рускиот воздушен напад на Запорожје, загинаа 13 лица, а најмалку 63 беа- прочитај повеќе
Војниците, кои, судејќи по нивните ознаки, се припадници на вооружените сили на Украина, ги опколиле противниците, кои потоа ги повикале да излезат од ровот и да се предадат. Од засолништето излегле двајца Руси, еден по друг, но Украинците веднаш почнале да пукаат. Еден од војниците потоа се приближил и пукал кон нив од непосредна близина.
Засега не се знае кога е снимена грозоморната сцена и на кој дел од фронтот.
Некои воени блогери наведуваат дека видеото неодамна било пронајдено на камерата на убиен украински војник од Третата јуришна бригада.
Големиот број видеа од егзекуции кои се појавија на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажуваат дека борбите на првите борбени линии стануваат се побезмилосни.
Во неделата Украина ја обвини Русија за егзекуција на седум воени затвореници во близина на Бахмут. Народниот правобранител Дмитриј Лубинец објави видео од наводниот масакр снимен со извидувачки дрон. На видеото се гледа како припадниците на руските сили ги извлекуваат невооружените Украинци од таканаречената лисичка дупка, по што тие одеднаш почнуваат да пукаат во нив.
Командата на украинските копнени сили неодамна на својот канал на Телеграм објави и видео од извидувачки дрон, на кој наводно се гледа како припадник на руските сили пука во ров во двајца украински војници кои претходно се предале.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.