НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ЗБОРУВАМ ЗА ЦЕЦА, СЕКОЈА СИ ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ ЖИВОТ! Гоца Божиновска за ОДНОСТ со фолк дивата: Секогаш нѐ поврзуваат и…

Гоца Божиновска неодамна стана баба, а пејачката откри дека нејзиниот син Мирко Шијан одлично се снаоѓа во улогата на татко.
– Одлично ми оди во улогата на баба. Зборуваа за сѐ и сешто за Мирко, и дека тој ќе биде проблематичен и дека нема да може да се справи во улогата на татко, но тој е најдобриот татко на светот. Јас дури и не се сомневав во него. Тој прави сѐ заедно со Бојана, имаат убав договор. Апсолутно не им е потребна мојата помош. Верувајте дека Мирко се буди среде ноќ и помага со бебето. Им реков, што и да им треба, јас сум тука – вели Гоца Божиновска.
Се шпекулираше дека Бојана и Мирко и нивниот син Зоран ќе се иселат од семејната вила во Сурчин, но пејачката вели дека тоа не е вистина.
– Секој ден читам нова измислица за нас. Зошто некој би се преселил од куќата во Сурчин? Ниту Мирко, ниту Бојана, ниту јас, немаме потреба да излеземе од таму. А каде треба да се селат тие двајца? Зошто децата треба да се селат, кога овде го имаат својот мир и стабилност – вели Гоца.
Таа се осврна и на односот со Цеца Ражнатовиќ, откако веќе долго време кружат гласини дека тие веќе не се во добри односи.
– Нема да ви дадам никаков одговор за Цеца, бидејќи ми здосади таа приказна. И двете си го живееме животот, кога и да се сретнеме, си зборуваме. Нема повеќе да зборувам за неа. Уморна сум од веќе од темите за тоа, постојано нѐ поврзуваат и нѐ ставаат во некои негативни конотации – заврши пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.