Новата сезона од Ѕвездите на Гранд започна од пред неколку месеци а гледачите преку социјалните мрежи имаат можност да видат како тече снимањето и дека не е баш се така сјајно како што тоа изгледа на на телевизија.
Најновото снимање на Ѕвездите на Гранд беше бурно а меѓу членовите на жирито на ова музичко натпреварување завладеа хаос, што кулминираше со заминувањето на Цеца Ражнатовиќ.
Најпрво се скараа Ана Бекута, Вики Миљковиќ и Снежана Ѓуришиќ.
-Секогаш противречи на се што ќе кажам, таков е нејзиниот манир – изјави Бекута за Вики.
– Што рече, па сега зборуваш? – праша Вики.
– Извини, па зарем не сме компетентни,жити мајка – рекла Снежана.
После тоа, Мили и Цеца започнале расправија, поради што пејачката го напуштила шоуто.
– Со што би се согласила, зошто да се согласам? Рече дека ќе го изгубам кредибилитетот, нели? Ти благодарам многу – му рекла Цеца на Мили.
– Не би сакала да ја расипам оваа идила, размената на емоции меѓу Мили и Цеца… – изјави Марија Шерифовиќ.
– Не си фер, точка! Си заминувам! – извика Цеца и го напушти снимањето на емисијата.
Инаку Цеца пред извесно време откри како изгледаат подготовките за Ѕвездите на Гранд, кој се грижи за нејзиниот изглед.
– Брзо се подготвувам, се шминкам. Мразам кога ветрот ми ја растура косата. Не сакам секој ден да се дотерувам од глава до пети, тоа ми е премногу. Најмногу сакам да бидам дома, во тренерки, пижами, без шминка – признала Ражнатовиќ.
Во таа прилика откри и како тече снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ и дали има време за себе.
– Бурно. Тензијата расте. Немам време за одмор, имам многу концерти, настапи, снимања… Не знам што да правам со обврските,истакна Цеца.