Нема секс до крај на Мундијалот: Јелена Карлеуша чека

Јелена Карлеуша нема да може да ја прослави јубилејната 10 годишнина брак со Душко Тошиќ на 28 јуни, и тоа поради Светското првенство во фудбал, кое тогаш ќе се одржува во Москва.
Популарната пејачка се радуваше и долго го најавуваше гламурозното славење на кое планираше да ги повика сите свои колеги и пријатели, но на тоа ќе мора да почека додека не заврши Мундијалот. Меѓутоа таа ќе мора да чека и на секс. На нејзина жалот, такви се правилата на репрезентацијата. На фудбалерите во текот на подготовките и големите натпревари забрането им е да бидат интимни со партнерките. Со оглед на тоа дека тоа важи за другите, ќе важи и за нејзиниот Душко.


-Општо е познато дека повеќето спортски експерти имаат ваков став. На нашите фудаблери во Русија сопругите и девојките можат да им дадат поддршка, но секс нема.Тоа може да ги исцрпи и да ја помати нивната концентрација, па на терен нема да дадат се од себе. Доколку Карлеуша и успее да одвои време за сопругот и отпатува во Москва, ќе може само да се бакнува со сопругот-рекол извор близок на пејачката.


Карлеуша со свој став.
-Мене никој ништо не може да ми забрани, но сепак ќе поднесам жртва поради подобар пласман на нашата репрезентација кој ќе ја израдува нацијата. Кога Душко ќе се врати од првенството, се ќе надокнадиме-вели Карлеуша.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.