Приказната за необичното пријателство помеѓу детето и големиот питон доаѓа од Кина.
Многу луѓе би побегнале кога би ја виделе змијата, но тоа не е така и со детето A Zhe од кинеското гратче Донгуана. Тоа уште кога билo бебе спиело во истиот кревет со големиот питон, пишува ChinaSmack.
Таткото на детето уште пред 19 години купил јајце од питон од кое набрзо излегло новното домашно милениче. Кога се родил A Zhe питонот веќе имал 6 години и набрзо питонот и детето станале најдобри пријатели.
A Zhe до ден денес ретко бара од родителите да му купат играчки затоа што најмногу сака да си игра со своето милениче, а кога е убаво времето го шета на улица за да се прошетаат заедно и да уживаат во сонцето.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Приказната за необичното пријателство помеѓу детето и големиот питон доаѓа од Кина.