Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, неофицијално дознава Инфомакс од сопствени извори.
Според нашите информации Христовски бил назначен за директор на АНБ денеска на седница на Владата на Република Македонија.
Христовски е поранешен контраразузнавач, работел и во МВР, а од партиските функции се уште активна е функцијата претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.