Неофицијално: Напаѓачите влегле во барот маскирани како македонски полицајци, ги таргетирале метите и пукале во нив!

Четворица маскирани напаѓачи со фантомки, во црни униформи со автоматски пушки кои се претставиле како полиција која врши рација, влегле во Шиша Бар по што се упатиле кон една од канцелариите во локалот а откако влегле во просторијата отвориле оган кон починатите лица, велат последните информации од терен во врска со пукањето кое околу 20 часот и 30 минути се случи во строгиот центар на Скопје.

Во нападот неофицијално се починати три лица, а напаѓачите пристигнале на местоот на настанот со Ауди А6 кое според нашите информации е пронајдено запалено во скопско Визбегово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.