Неочекувани сигнали за натпросечна интелигенција

Дали мислите дека натпросечно интелигентни луѓе се тие што се грижат за секој детал, секогаш инсистираат на совршенство, одмерени се и нивниот карактер е „научен“? Не сте во право, ова се неочекувани сигнали за натпросечна интелигенција!

Неуредност
Или – што понеуреден, толку попаметен! Истражувањата од Универзитетот во Минесота покажаа дека неуредните луѓе кои прават хаос додека решаваат некои задача, многу подобро го користат мозокот и ги решаваат проблемите.

Љубопитност
Тој што сака да научи нови работи, ќе научи сè повеќе и ќе стане попаметен. На когнитивниот развој во голема мерка влијание вложување време и напор за учење нови вештини. Но, не е значајна само количината на научените работи, туку и самата желба за ново знаење, што е сигнал за натпросечна интелигенција.

Духовитост
Вербалната интелигенција е значително поголема кај оние кои се шегуваат, раскажуваат шеги или сакаат игри со зборови.

Самотија
Не осаменост, туку задоволство во моментите поминати сами, „сам со себе“. Студијата објавена во британскиот весник за психологија научно ја докажа врската помеѓу „среќната“ осаменост и високата интелигенција. Научниците веруваат дека луѓето кои уживаат во време поминато насамо, тоа време го користат да размислуваат, да дадат приоритети и да планираат.

Скромност
Честопати, најинтелигентните луѓе имаат најмногу сомнежи, или едноставно кажано- не мислат дека се доволно паметни. Како што кажал Шакспир: „будала мисли дека е мудар, но мудар човек знае дека е будала“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.