СОМНИТЕЛНА СМРТ: МВР го истражува труењето со Метомил, од што почина 47- годишна жена

Многу дилеми и нејаностии се уште има по трагедијата на семејството кое за затру со Метомил јадејќи домашна пита. Овој пестицид е забранет во Македонија, како и во земјите во регионот.

МВР сеуште не го затворил случајот и нема класификација дели се работи за грешка или не, во случајот со затруената пита со отровниот пестицид метомил попонзат по трговското име како ланате. Во неделата на 15 ти по семеен ручек во дворот според информациите од блиски на смејството во питата завршил опасен отров кој најверојатно се чувал во тегла а кој личи на брашно. Брза помош повикале соседите откако ги виделе сите тројца легнати на земја во дворот покрај масата каде ручале а од питата починала 47 годишната снаа, бабата е во кома а синот е на Токсикологија.

„Известен е јавен обвинител. Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.10.2023 година од комплексот ,,Мајка Тереза“ е добиено известување дека едно од лицата починало и телото е дадено на обдукција.“

Според информоациите на Канал 5 од клиниката за токсикологија 55 годишниот маж на починатата е во стабилна состојба и нема симптоми на труење.

Резултатите кај него се секој ден се подобри во однос на неговата здравствена состојба и според протоколите тој ќе биде 7 дена на 24 часовен мониторинг а потоа ќе се одлучува дали да продолжи амбулантски да се следи. Неговата 79 годишна мајка е во кома по инфарктот кој го имала и е на одделението Карил.

Според информаците од токсикологија мажот бил пуштен со дозвола и повторно се вратил по завршување на потребните работи околу погребот на неговата сопруга која почина откако јадела од питата во која имало од опасниот пестицид познат кај народот како Ланате.

Овој опасен отров кој е во високо концентрирана форма и кој нема ниту боја ниту мирис што го прави многу опасен и од кој амо неколку капки од растворена форма може да биде фатален за човекот, повеќе од десет години е забранет и не се увезува во земјава.

Познавачите на состојбите коментираат дека овој препарат најверојатно е влезен преку шверцерски канали од Турција каде не важат европските правила за забранети препарати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.