Нередовното миење на косата предизвикува болка во скалпот

Дали сте слушнале за изразот „ме боли косата“? Ова не е само игра со зборови.

Постои причина зошто косата боли. Можеби логиката налага дека косата не може да боли, но како тоа може да се случи. Сето тоа започнува од скалпот, а потоа се шири низ косата. Вие сте 50 отсто виновни за болката, а останатите 50 отсто е вашето тело.

Имено, природно мрсниот скалп или нередовното миење може да доведе до таложење на маснотии на скалпот. Ова предизвикува воспаление и чешање, па дури и болка. Дури и ако се чешате, го стимулирате ослободувањето на хемикалија која ќе предизвика воспаленост на целиот скалп. Со други зборови, во тој дел од главата ќе се најде повеќе крв, што ќе предизвика мачна болка.

Но, болката може да се појави и по миењето, а за тоа треба да се обвинат производите за коса кои ги користиме, бидејќи маслата и нечистотијата се собираат и благодарение на хемикалиите од тие производи.

За да ја спречите оваа болка, редовно мијте ја косата и користете што е можно помалку производи за коса кои ја „гушат“.

Исто така, секогаш кога можете, избегнувајте ,,тесни” фризури и користете шампони кои ја разградуваат маснотијата.


Пронајдете не на следниве мрежи: