Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски е блиску до враќање во хрватскиот фудбал, тврди „Јутарњи лист“.
Според информациите на хрватскиот портал, Несторовски започнал преговори со Славен Белупо и тие оделе во добра насока, па наскоро се би можело да биде и потврдено.
Несторовски во Хрватска го носеше дресот на Интер Запрешиќ и во сезоната 2014/2015 со 25 постигнати гола беше прв стрелец во хрватскиот шампионат. Во редовите на Славен Белупо веруваат дека Несторовски со своето искуство и квалитет може да им помогне во борбата за опстанок.
Сезоната за тимот од Копривница започна разочарувачки и по четири кола имаат само еден освоен бод. Несторовски последниот ангажман го имаше во редовите на Асколи.