Нетанјаху: Војната продолжува до уништување на Хамас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека на денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакнал дека ќе продолжи војната против Хамас. Средбата Нетанјаху – Блинкен се одржа неколку часа откако Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Ерусалим, при што загинаа тројца Израелци.

Судскиот совет утре бира претседател
Судскиот совет помина низ турбулентна година, а сето она што се случуваше изминатите 365 дена би можело да биде само увертира за нови возбудливи денови. 2024 година …
Четири хороскопски знаци кои најдобро се прилагодуваат на промените
Промените се неизбежен дел од животот. Без разлика дали се работи за нова работа, преселба или едноставно прилагодување на неочекувани ситуации, способноста да се носиме со новите …

– Ова е истиот Хамас. Тоа е истиот Хамас што го изврши ужасниот масакр на 7 октомври, истиот Хамас што се обидува да не убие насекаде, му рекол Нетанјаху на Блинкен.

Нетанјаху наведува дека на Блинкен му кажал и дека Израел и тој се заколнале оти ќе го уништат Хамас.

– Ништо нема да не спречи … Војната во Газа ќе продолжи сè додека Израел не ги ослободи сите свои заложници, не го победи Хамас и не гарантира дека никогаш повеќе нема да има слична закана од Газа, истакна Нетанјаху.

Блинкен, како што соопшти Стејт департментот, упати апел Израел да ги преземе сите мерки за заштита на цивилите во јужниот дел на Појасот Газа.

Блинкен го истакна императивот да се земат предвид потребите за хуманитарна и цивилна заштита во јужниот дел на Газа пред какви било воени операции таму, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.