НЕТАНЈАХУ НЕ БИЛ ВО ЦЕЗАРЕЈА ЗА ВРЕМЕ НА НАПАДОТ – Кабинетот потврди дека неговиот дом бил погоден

Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол.

Нетанјаху и неговата сопруга не биле во Цезареја за време на нападот. Според истиот извор, нема повредени.

Претходно, израелската армија соопшти дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, во близина на домот на Нетанјаху. Во инцидентот нема повредени, а пресретнати се два дрона.

За инцидентот извести и саудискиот ТВ канал Ал Хадат, наведувајќи дека наводно цел на беспилотно летало била резиденцијата на израелскиот премиер.

Пронајдете не на следниве мрежи: