Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди либанскиот Хезболах дека ќе ја направат најголемата грешка во животот доколку решат да војуваат против Израел.
„Ќе удриме со таква сила што тие не можат да замислат и тоа ќе биде погубно за државата Либан“, рече Нетанјаху за време на посетата на израелските војници на северот на земјата.
Израелската армија денеска го обвини Хезболах дека е за воена ескалација со ризик да го вовлече Либан во војна, по новите судири на границата каде тензиите се високи по нападот на палестинскиот Хамас во Израел на 7 октомври.
- Иран тврди: 80 отсто од лансираните проектили ги погодија нивните цели
- ТЕЖОК ПОРАЗ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА: Генералот Сирски даде дозвола за повлекување на единиците од Угледар
- ПУТИН НАПРАВИ ПОТЕГ НЕЗАПАМЕТЕН ОД СТУДEНАТА ВОЈНА! Во Кремљ веднаш настана еуфорија, тврдат експертите: Сега никој ништо не им може!
- За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува
- Израелската армија: Правиме се’ за да ги заштитиме цивилите
- (Видео) Се огласија сирените низ целата земја на Израел
- (Видео) Станува сериозно: Иран го нападна Израел со ракети!
- Хајди Клум повторно на модната писта: Доминираше со сите максимално, во 6-та деценија покажа како се прави тоа
- Русија го осуди израелскиот напад врз Либан
„Хезболах го напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да има корист, но ризикува да загуби многу“, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Икс.
Меѓународната заедница стравува од „прелевање на војната“ што започна на 7 октомври меѓу Хамас и Израел и учество на други стрни, особено Хезболах, кој е сојузник на палестинското исламистичко движење Хамас.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.