Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска оцени дека конфликтот меѓу Хамас и Израел е во корист на Русија бидејќи, како што наведе, го одвлекува вниманието на меѓународната јавност од руската агресија врз Украина.
Во интервју за Polsat News, Дуда рече дека конфликтот на Блискиот Исток може да резултира со нови миграциски притисоци врз Европа, пренесува Reuters.
- Тоа секако е од корист за Русија и руската агресија против Украина. Тоа го одвлекува вниманието на светот… Но, пред се, се плашам дека, за жал, ќе предизвика дополнителен миграциски притисок врз Европа – изјави Дуда.
- Човек кој немал билет нападнал и тепал контролор на ЈСП
- Три хороскопски парови кои брзо се помируваат после секој конфликт
- Дали ова е крајот на крвопролевањето на Блискиот исток!? Катар им го предаде на Израел и Хамас „конечниот“ нацрт на договорот за прекин на огнот: Еве што вклучува новиот документ
- Хил: Ќе се разгледа предлогот на Вучиќ за средба Путин-Трамп во Србија
- Зеленски праќа пожарникари во Лос Анџелес! „Ситуацијата таму е исклучително тешка и Украинците можат да им помогнат на Американците и да им ги спасат животите“ (ФОТО/ВИДЕО)
Тој оцени дека најверојатно ќе има уште еден мигрантски бран од Блискиот Исток, кој ќе ја погоди Европа.
– Нашата безбедност, заштитата на полските граници, се разбира, и границите на Европската унија и Шенген зоната стануваат уште поважни – рече претседателот на Полска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.