Не ги фрлајте искористените свеќи: Еве како можете повторно да го искористите нивниот сад

Свеќите се многу популарни, особено во оваа постудена половина од годината.

Сепак, нивниот мирис ги украсува нашите соби за пократко време отколку што сакаме, и секојпат ни е тешко кога треба да ги фрлиме во корпа за отпадоци.

На ТикТок профилот @cleaningwithdanielled се појави многу корисно видео за тоа како да им дадеме нов живот на овие стаклени садови, за кои секогаш добиваме коментари за тоа колку се убави.
Кога свеќата ќе изгори, се што треба да направите е прво да се ослободите од нејзините неупотребливи остатоци, за да добиете чист сад.
Во садот истурете зовриена вода и почекајте да отстои додека водата не се излади.

Ако свеќата е со капак, тогаш добро исчистете ја за да не остане восокот.
Кога водата ќе се олади, лесно ќе го извадите остатокот од восокот во садот. Потоа темелно исчистете го со детергент за миење садови.

Ќе ви остане прекрасен сад кој може да се користи за разни намени, за чување слатки, грицки, шноли, ластичиња…

@cleaningwithdanielled

Reuse your candle jars! ✨ did you know that @scrubdaddyuk dish daddy has a scraper on the end? Perfect to remove stubborn stains and sticker residue 🙌🏻 #cleaningwithdanielle #cleaningtips #cleaninghacks #hacksoflife #hacksandtips #reuse #recycle

♬ World Hold On – FISHER Rework – Bob Sinclar
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.