Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за мастерсот во Монте Карло, а притоа и ги тестира своите вештини во другите спортови.
Не е тајна дека Новак повремено знае да заигра и фудбал, што еднаш го направи на Маракана во дресот на Црвена ѕвезда, но овојпат прифати потежок предизвик.
Тој жонглирал со тениско топче и покажал дека можеби нема фудбалски вештини како Нејмар, Меси или Роналдо, но истовремено не е ни лош.
Новак успешно го префрлал топчето од стапало на колено, a на крајот „поентирал“ со удар со пета.
Неговиот прв противник на стартот на турнирот во Монте Карло ќе биде Игор Гаков од Русија кој во својот натпревар од првото коло го победи Мекензи Мекдоналд.
Натпреварот се игра во вторник, а програмата започнува во 11 часот кога на терен ќе излезат Александер Бублик и Александер Зверев. По нив играат Андреј Рубљов и Жаум Мунар, а потоа на ред доаѓа и Ѓоковиќ.