Не е сè во изгледот: Зошто на некои луѓе сме им многу привлечни?

Иако физичката привлечност игра значајна улога при изборот на партнер, нечиј мирис и боја на глас и тоа како се пресудни во изборот, тврди Агата Гројецка, истражувачка од полскиот институт за психологија.
„Атрактивноста ја игра главната улога во невербалната комуникација на луѓето и е широко истражувана во различни полиња на современата психологија. Истражувачите собрале убедливи докази за поддршка на еволутивните функции на физичка привлечност и нивната улога во нашиот секојдневен живот, додека во исто време воглавно го игнорирале значајниот допринес на невидливите модалитети и односи меѓу нив“, објаснила таа во сеопфатен извештај објавен на сајтот „Frontiers in Psychology“.


„Звучните и мирисни знаци, поединечно или во комбинација, можат значително да влијаат на привлекување поединци, а со тоа и на ставовите и постапките кон таа личност. Импресивна е количината на информации кои можат да послужат за проценка на личноста исклучиво врз основа на неговиот или нејзиниот мирис и глас“, додава таа.
„Во последно време, повеќето толкувања се фокусирани на визуелна привлечност, на пример – привлечност на лицето или телото. Меѓутоа, литературата за другите сетила и нивната улога во социјалните односи е во значаен пораст и не треба да се занемари“, истакнала таа.
Сепак, полската научничка нагласува дека изгледот, гласот и мирисот, заедно се најдобра комбинација во избор на правиот партнер.


„Иако визуелните знаци се навистина важни за проценка на вкупната атрактивност, на неа влијаат и гласот и мирисот на личноста. Изгледот, звукот и мирисот заедно се клучни сетила кои ги обработуваат информациите во опкружувањето. Тие заедно ја зголемуваат ефикасноста на нашите постапки и реакции. За разлика од другите сетила (вкус и допир), луѓето можат да добијат првични сознанија за другите, врз основа на нивниот визуелен изглед, глас или мирис, дури и на одредена оддалеченост, без вклучување на волјата или свеста“, објаснува научничката.
„Комбинацијата на привлечно лице со атрактивен глас или мирис, може заедно да резултира со повисок степен на размислување за привлекувањето“, нагласила Агата Гројецка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.