Многупати се случува во текот на разговорот да гледате насекаде, освен во очите на соговорникот. Дали е тоа затоа што ви е непријатно? Или не сте ги изградиле потребните социјални вештини? Понекогаш и тоа може да биде причина, но науката вели дека причината може да биде и поради тоа што мозокот не може да врши две задачи истовремено – да контролира што зборувате и да се сконцентрира на соговорникот.
Не можете долго да го гледате соговорникот во очи? Ако мислевте дека станува збор за срамежливост, се лажете
Преоптоварување
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Кјото укажува на тоа дека во вакви ситуации мозокот е збунет затоа што не е во состојба истовремено да управува со два очигледно независни процеси. За подобро да разберат што се случува во мозокот за време на разговорот, научниците побарале од 26 доброволци да се вклучат во игра на асоцијации така што секој од нив користејќи вообичаени зборови, треба да додаде глагол на зададената именка колку што е можно побрзо.
Истовремено, научниците ги набљудувале изразите на лицата и забележале дека некои личности остварувале контакт со очи, а други гледале настрана. Првите задачи биле релативно едноставни: на зададениот збор „нож“ испитаниците одговарале со „сечи“. На именката „топка“ најмногу рекле „фрли“. Другите асоцијации биле потешки, на пример, за именката „мапа“ луѓето додавале „отвора“, „затвора“, „бриши“, „бара“ итн. Покрај тоа, испитаниците потешко правеле асоцијации додека се гледале меѓусебно во очи.
Иако овие две дејства ни се чинат независни, луѓето често го вртат погледот настрана додека разговараат, сугерирајќи на тоа дека тие процеси сепак се поврзани, објаснуваат научниците од тимот „Когниција“.
Ефектот бил поизразен кога луѓето се обидувале да најдат глагол кој се поврзува со поневообичаени именки, па произлегува дека за тие активности се потребни истите ментални патишта како и за контактот со очи.