Не се плашете од љубовта – таа е најубавото нешто на овој свет!

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас!
Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.
Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.
Слушајте го своето срце


Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.
Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.
Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.