Оваа чоколадна торта се подготвува брзо и едноставно, основата му се какаото и бананите, а можете слободно да го направите и со дупла доза, доколку сакате поголем колач.
Потребни состојки:
2 банани
40 gr какао во прав
5 gr прашок за пециво
за глазурата:
80 gr темно чоколадо
30 ml слатка павлака
Подготовка:
Исечкајте ги бананите на тркалца, па ставете ги во блендер, заедно со какаото и прашокот за пециво. Добро изматете додека не се добие течна смеса.
Во мал калап, претходно обложен со хартија за печење, истурете ја добиената смеса. Ставете во рерна да се пече 5 минути.
Направете ја глазурата мешајќи ги темното чоколадо и слатката павлака, па ставете ја во микробранова печка 2 минути да се растопи.
Превртете ја тортата на голема чинија, извадете ја хартијата и прелијте ја со чоколадната глазура.
Почекајте малку да се излади, исечете ја на парчиња по желба и уживајте.