Не сум ѝ се понудил на Белгија да бидам селектор!

Француската легенда Тјери Анри ги демантираше дел од белгиските медиуми дека ѝ се понудил на федерацијата за да го наследи Роберто Мартинез на селекторската позиција, откако низа ѕвезди на „црвените ѓаволи“ јавно истакнаа дека најдобра и природна опција е тој да биде кормилар.

Анри му беше помошник на Мартинез, кој после дебаклот на СП во Катар си замина од функцијата и пред некој ден беше промовиран во нов селектор на Португалија на местото на Фернандо Гомеш.

„Сакам да биде потполно јасно, спротивно на сѐ што беше објавено, е дека никогаш не сум ја контактирал федерацијата за да се понудам како опција за селектор“, објави Анри.

Пронајдете не на следниве мрежи: