Не функционираат камерите за надзор во возилата


„Од нивна страна беше изразена благодарност што по првпат се посетени од еден министер“, вели министерот за внатрешни работи во техничката влада

Полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце, надлежни за контрола и надзор на дел од северната гранична линија кон Косово, се соочуваат со недоволна пополнетост од аспект на човечки ресурси и недостиг на моторни возила кои им се неопходни за успешно извршување на нивните задачи, имајќи ја предвид специфичноста на подрачјето што го покриваат.

Фото: Фејсбук

Ова денеска на својот фејсбук-профил го напиша министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковки, коментирајќи ја денешната негова посета на овие полициски станици кои вршат надзор на границата кон Косово, каде што, како што вели, се запознал со состојбата на објектите од аспект на материјално-техничка опременост, а со командирите и полициските службеници разговарал за нивната тековна работа, предизвиците со кои се соочуваат, но и за можните решенија.

„Во овие објекти со години наназад воопшто не било инвестирано, а специјалните возила кои се опремени со соодветни камери за надзор на подрачјето подолго време не се сервисирани и се оставени надвор од употреба, со што индиректно е загрозена безбедноста на граничната линија за која се надлежни“,

вели Тошковски.

Фото: Фејбук

Според него, на крајот на средбите биле донесени неколку заклучоци за можни решенија на дел од проблемите, но, како што посочува министерот, со оглед на техничката влада, ќе преземе сѐ што е можно во овој период.

„Од нивна страна беше изразена благодарност што по првпат се посетени од еден министер“,

напиша Тошковски.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: