Нивната венчавка го остави светот без зборови: Оваа љубов ги згрози сите, а денес ѕвездата проговори за сè

82-годишниот Бил Вајман, поранешниот член на култните Ролинг Стоунс, ја фрапираше јавноста во 1989 година кога се ожени со Менди Смит, девојка која во тој момент имаше 18 години, додека Бил имаше 52.
Овие денови, во документарниот филм посветен на неговиот живот, Бил отворено зборувал за својот брак.
“Тоа беше љубов, чиста љубов а не страст, иако сите беа уверени дека стануваше збор за тоа”, истакнал Вајман на почетокот од документарецот. Сепак, и сам признал дека направил грешка.
“Бев неверојатно глупав што воопшто помислив дека тоа би можело да функционира. Беше премлада. И таа сакаше и мораше да искуси живот пред да се “скраси”, истакнал Бил.
Инаку, Менди го запознала славниот басист кога имала само 13 години, а двајцата чекале таа да стане полнолетна за да се венчаат. Но, нивниот брак траел само две години – парол се развел во 1991 година.

Некаде при крајот на нивната љубов, Менди изјавила дека за првпат имала секс со Бил на 14 години и со тоа дополнително ја шокирала јавноста. Меѓутоа, иако во документарецот зборува за Менди на тој начин, неговата автобиографија која ја издал во 1991 година вели поинаку:
“Менди беше жена на 13 години, тоа им беше јасно на сите во нејзината околина и сите ја гледаа и третираа како жена, не како девојче”, пишува во книгата.


Инаку, документарниот филм не се занимава со уште една контроверзна тема од животот на Вајман.
Тој, инаку, пред да се венча со Менди бил 10 години во брак со Дајен Кори. Тие се развеле во 1969 година, а од бракот го имаат синот Стивен. Стивен, истата година кога Бил се развел од Менди, се оженил со нејзината мајка која во тој момент имала 46 години. Бракот траел две години.
Бил во 1993 година стапил во брак со актерката Сузан Акоста со која и денес е во брак и со која има три ќерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.