Ние нашата битка ја добивме, а тој неговата не успеа – многу жално!

Хрватскиот селектор Златко Далиќ упати искрено сочуство до семејството на трагично починатата српска легенда Синиша Михајловиќ, кој вчера ја загуби тригодишната битка со леукемијата и почина на 54-годишна возраст.

Далиќ со Хрватска денеска стигна до бронза, а после мечот упати сочуство и посочи дека ова е огромна трагедија за светскиот фудбал.

„Мое најискрено сочувство за семејството Михајловиќ. Го познавав Синиша, многу одамна и жал ми е што ја загуби својата битка. Ние денеска ја добивме нашата, ама тој својата не. И тоа е многу жално. И тешко! Ова е нешто поинаку. Беше голем фудбалер, врвен тренер. Ова е голема загуба, а кога млади луѓе предвреме си одат, тоа за нас е трагедија“, рече Далиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.