Ники Лауда заздравува: Докторите со прецизни забрани

Легендарниот шампион во Формула 1, Ники Лауда започна со физикална терапија, соопшти австриски „ОЕ 24“.
Лауда закрепнува по трансплантацијата на белите дробови извршена претходниот месец.
Во четвртокот и петокот Ники имаше кратка криза поврзана со бубрезите по што беше ставен на дијализа. Во текот на викендот тој беше целосно стабилизиран и проблемот се надмина.
Тој се уште се наоѓа во одделот за интензивна нега на виенската болница каде беше опериран. Радува фактот што веќе дише сосема сам и може да разговара.


Според лекарскиот тим Лауда нема да може да патува со авион следните шест месеци и што значи дека најверојатно трикратниот шампион на трибините на трка од Ф1 шампионатот најрано ќе го видиме на почетокот на сезоната 2019.
Лауда веќе има и трајна забрана да посетува јавни базени, сауни и спа, како и да избегнува животни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.