Си била една група на жаби кои сакале да се натпреваруваат. Сакале да се искачат на висока кула, па се насобрале доста гледачи да им дадат поддршка… Натпреварот започнал… арно ама… никој од присутните не верувал дека некоја жаба ќе се искаче на врвот од кулата. Цело време климале со главата и зборувале: “Леле тоа е многу напорно, никогаш нема да успеат!” или “Ма нема да успеат кулата е многу висока!”
Жабите почнале да заостануваат …… освен една, која брзо лазела, се качувала се повисоко и повисоко… гледачите повторно почнале да викат: “Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искачи!” Една по една жабите се откажувале, се завртувале и се враќале назад… освен една која упорно одела напред… и воопшто не сакала да се предаде!На крај упорната жаба, со најголеми амбиции се искачила на врвот од кулата! Останатите жаби како и гледачите сакале да дознаат како успеала баш таа да го стори тоа што другите не можеле да го направат – да се искачат на кулата. Еден од гледачите се приближил до жабата за да ја праша како успеала да се искачи на врвот и што ја мотивирало за да успее. Тогаш се дознало дека всушност жабата – победник е глува!
НАРАВОУЧЕНИЕ: Никогаш немој да ги слушаш оние луѓе кои се негативни и песимисти!