Српскиот тенисер не можеше да ги сокрие емоциите по освојувањето на трофејот во Мелбурн.
Минатата година на Новак Ѓоковиќ му беше ускратена можноста по десетти пат да стане шампион на Австралија опен, но овојпат во Мелбурн се врати гладен, гладен за успех и доказ дека се уште е на врвот! Се распадна на крајот, не можеше да не заплаче по освојувањето на 22. Грен слем. И солзите се во ред сега. Имаше и нереален излив на емоции кога ја прегрна мајка си.