При вкрстено испрашување се зајадоа Нинџа и Бетмен. Богдан Илиевски – Бетмен го праша Нинџа дали се сеќава дека бил и на протестите против изградба на црква на плоштадот, а и на протестите за убиството на Мартин Нешковски. Нинџа пак во својот одговор го потсети Бетмен дека едно време пишувал и против политиките на партијата која потоа го наградила со членство во ИК.
– Помеѓу 2013 и 2014 година знам дека бевте колумнист и дека пишувавте против политиките на ВМРО ДПМНЕ, но вашите вистински ставови потоа го покажавте за што и бевте награден со функција во извршниот комитет на партијата.