Папараците во Марбеја во чекор го следат Новак Ѓоковиќ кој таму се подготвува за американската турнеја пред УС Опен.
Слободното време Новак го користи за да си помине убаво со своето семејство на плажите на овој шпански град.
Папараците во Марбеја имале можност да направат фотографии од најдобриот тенисер на светот како ужива со својата сопруга Јелена и децата Стефан и Тара на плажа.
Додека Новак зборувал на телефон, Јелена будно ги следела синот и ќерката кои како и сите други деца си играле во песокот и трчале по плажата.
Тара и Стефан си играле со брановите, а Стефан пронашол и голем камен кој му бил поосебен реквизит за играње.
Нема сомнеж, веќе од мали нозе се забележува дека ќе биде спортист и дека уште сега е подготвен да ги засилува мускулите.