Новак лут на организаторите на УС Опен: „Ова е причина зошто се сите вознемирени, вклучувајќи ме и мене“

Loading...

Новак Ѓkоковиќ го изрази своето незадоволство поради карантинот на двајца тенисери, Гвидо Пела и Уго Делијан, кои практично беа дисквалификувани, бидејќи требаше да бидат отсутни две недели.

 Причината е што нивниот физиотерапевт е позитивен на коронавирусот, иако двајцата неодамна не биле во иста просторија со него и се негативни на вирусот. 

– Пред неколку недели добивме информации од шефот на медицинскиот тим на УСТА дека ако еден играч не дели простор со тренер или физиотерапевт, или некој од екипата што е заразен, а неговите резултати се негативни, тој може да се натпреварува на турнирот – рече Новак. 

Новак рече дека на видео повикот присуствувале многу играчи и додаде дека биле информирани за здравствените и безбедносните протоколи што ќе важат за два турнира.

Тој додаде дека играчите поставија бројни основни прашања во врска со овие „позитивни“ случаи.

 – Ова е причината поради која многу тенисери се вознемирени, вклучително и јас. Тоа е затоа што гледам како тие ги третираат Гвидо Пела и Уго Делиен – рече светскиот рекет број еден.

loading...