Мајкл Џордан, покрај тоа што е еден од најдобрите Американски кошаркари на сите времиња, исто така е и многу добар бизнисмен. Џордан го крена својот бренд на високо ниво, откако влезе во НБА во 1984 година и не планира да се откаже во ниеден момент.
Џордан стана милијардер во 2015 година, дванаесет години по завршувањето на кариерата во НБА, според Форбс. Тој заработил 100 милиони долари во својата кариера и на крајот на 2018 година имаше нето вредност од 1,65 милијарди долари. Мајкл беше рангиран како четврта најбогата личност во 2018 година од Форбс минатиот месец.
Мајкл многу добро ја започна Новата година, пловејќи ја својата нова 80 милион доларска јахта покрај брегот на Св. Бартс. Јахтата е долга 230 метри и вклучува осум кабини, бар, трпезарија, целосна фитнес сала, палуба џакузи, најсовремен аудиовизуелен систем и сателит. Исто така, да не заборавиме на кошаркарскиот двор со натпис ” Air Jordan “. Во извештајот на ТМЗ, наведено е дека за да ја задржи својата јахта, Џордан мора да плаќа 840.000 долари неделно.
Уживајте во галеријата во продолжение