Американскиот новинар Такер Карлсон, наводно, се сретнал со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден и Тара Рид, која го обвинува актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, за малтретирање (сексуално вознемирување), за време на неговото патување во Москва.
Информацијата ја објави веб-порталот „Семафор“, кој неофицијално наведува дека Такер Карлсон неколку часа разговарал со Едвард Сноуден, а снимил и интервју со Тара Рид.
- Уживајте во сонцето, од вторник повторно дождСледните два дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност… Read more: Уживајте во сонцето, од вторник повторно дожд
- Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомвриЦените на 73 прехранбени производи до 31 октомври годинава се очекува да… Read more: Еве што ќе биде поевтино: Пониски цени на 73 прехранбени производи до 31 октомври
- Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната службаСопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан,… Read more: Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
- Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачотНа интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која… Read more: Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
- Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!Ибрахим Акил, шеф на елитната единица на Хезболах Радван, е убиен во… Read more: Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!
Во јуни 2013 година, Едвард Сноуден предизвика голем меѓународен скандал објавувајќи до The Washington Post и The Guardian серија доверливи материјали за програмите за надзор на САД и Велика Британија на Интернет. После тоа, тој одлета во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде на крајот добил азил и државјанство.
Тара Рид, која му служеше како помошник на Џо Бајден додека тој беше сенатор, исто така бара руско државјанство и го обвинува поранешниот нејзин шеф за сексуално вознемирување.
Главната цел на посетата на Такер Карлсон на Русија, да потсетиме, беше интервју со претседателот Владимир Путин.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.