Нова „борба“ за побрз влез во Грција – гужва на преминот „Богородица“, километарски колони за излез од Македонија

Гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција има и овој продолжен викенд. За разлика од сите гранични премини, овде се чека и до еден час, за да се помине границата. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации.

Се чека во неколку редици, а поради долгата колона, граѓаните чекаат и надвор од автомобилите. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.


Според АМСМ, ова е еден од двата гранични премини каде е забележана гужва од утринава. На Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.