Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.
- „Горд сум што сум Американец“: Трамп ја поздрави одлуката на Врховниот суд за неговиот делумен имунитетПоранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поздрави денешната одлука на Врховниот суд на САД, која му овозможи да бара имунитет од гонење за […]
- Старлетата покажа како заработува огромни суми на пари и сите ја осудија! Тијана Ајфон: Сите ме мразат, а луѓето на Onlyfans ме сакаат (фото)Тијана Максимовиќ попозната како Тијана Ајфон не престанува да провоцира на социјалните мрежи. Старлетата неодамна отвори страница „OnlyFans“.Таа се посвети на новата работа, која, според сите пресметки, и’ […]
- Повеќе од 300 лица завршија во болница: Масовна инфекција на познато езеро, властите го истражуваат потеклото на опасниот вирусПовеќе од 300 луѓе се хоспитализирани, а многу други имаат дијареа, гадење, грчеви или треска по појава на норовирус во општината Тори дел […]
- Унгарија од денеска го презема претседавањето со ЕУУнгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“. Унгарија од денеска го презема […]
- Мистериозен случај: Мајка со две ќерки исчезна без трага, полицијата се сомнева во најлошотоМајка од Канзас и нејзините две мали ќерки кои мистериозно исчезнаа можеби биле принудени да ја напуштат земјата на религиозна рехабилитација во Мексико […]
Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.
Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.
Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.
Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.
Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.