Новинарите во светот открија „кој е кој” во даночните раеви

Светската новинарска истрага на јавноста ѝ овозможи увид во имињата на лицата кои се познати со оф-шор компаниите во ткн даночни раеви, што повторно ќе ги отвори дискусиите за избегнување на плаќањето данок коешто особено ќе биде незгодно за францускиот претседател Франсоа Оланд, бидејќи се споменува име на негов близок соработник.

 Увидот во мрачниот список на фискалната евазија на највисоко ниво овозможи опсежна истрага на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари (ICIJ), како резултат, според оцената на самиот конзорциум на „највисоката меѓународна новинарска соработка во историјата”.
Конзорциумот ICIJ успеал да дојде до ЦеДе со 2,5 милиони пораки од електронска пошта и информации за 122 илјади оф-шор компании и околу 12 илјади посредници – интерни меморандуми, копии од пасоши, сметководствени податоци и други официјални документи.
Станува збор за „најголемото количество ‘инсајдерски' информации за оф-шор компании коешто воопшто некогаш стигнало до медиуми”, пишува во коментарот британскиот дневен весник The Guardian, кој наведува список од 40-ина меѓународни медиумски институции кои добиле пристап до овие доверливи податоци, меѓу кои се и влијателните францускиот дневен весник Le Monde, британскиот јавен сервис BBC, американскиот дневен весник The Washington Post и германскиот Sueddeutsche Zeitung.
Информациите, во најголемиот дел, се однесуваат на британските Девствени острови, а според обемот се „160 пати поголеми од количеството доверливи информации коишто WikiLeaks во 2010 година го објави за американскиот Стејт департмент”.
Во нив се наоѓаат „илјадници личности” со интереси во даночните раеви, кои доаѓаат од разни општествени слоеви и активности, од американски стоматолози преку трговци со оружје до милијардери и политички моќници, пишува The Guardian.
Едно од највпечатливите имиња е она на азарбејџанскиот претседател Олхам Алиев, кој на Девствените острови наводно има четири оф-шор компании регистрирани на свое име, на име на сопругата или нивните ќерки. Поранешниот монголски министер за финансии Бајгартсогт Сангаџав, наводно, во текот на вршењето на функцијата ја отворил оф-шор компанијата „Legend Plus capital ltd”.
На списокот се имињата на славната шпанска колекционерка на уметнички дела Кармен Тисен-Борнемиже, на Марија Маркос постарата ќерка на поранешниот филипински диктатор Фердинанд Маркос или, пак, на Олга Шувалова, сопруга на потпретседателот на руската влада Игор Шувалов, кој се смета за близок соработник на претседателот Владимир Путин.
Сепак, според новинарските процени, овој материјал најмногу би можел да му предизвика непријатности на социјалистичкиот француски претседател Франсоа Оланд, и онака веќе силно потресен од скандалот поради подигнување на обвинение за даночно затајување против веќе поранешниот негов министер за буџет Жером Кајузак, бидејќи во листата се споменува и името на Жан-ЖАк Огиер, кој во текот на претседателската кампања на Оланд во 2012 година беше задолжен за финансиите на кампањата, а кој според овие материјали наводно има удели во две оф-шор компании на Кајманските острови.
Британски The Guardian нагласува дека постоењето на имиња на тој список не значи и дека тие лица сториле нешто незаконско, меѓутоа ICIJ потенцира дека во списокот „Кој е кој во даночните раеви”, како што го нарекува, „покажува дека тајните оф-шор финансии се протегаат низ целиот свет, овозможувајќи им на богатите да ги избегнуваат даноците, хранејќи ја корупцијата и злата судбина и на богатите и на сиромашните земји”. За ICIJ сегашната кипарска криза е „еден од показателите на начинот на кои оф-шор системот може да ја загрози финансиската стабилност на некоја земја”.
Грција веднаш најави отворање истрага за банкарските сметки на стотина оф-шор компании кои не биле познати за нејзините даночни власти, а нивното постоење е откриено токму благодарејќи на новинарскиот истражувачки конзорциум ICIJ. Речиси ендемското одбегнување на плаќањето даноци во Грција со години се спроведуваше, во прв ред преки оф-шор системот.
Европската комисија ги повика земјите членки на Европската унија да се позанимаваат со избегнувањето на даноците поради што, според неа, Европа секоја година губи по 1.000 милијарди евра. Притоа, Tax Justice Network, мрежа од активисти кои се залагаат за „фискална правда”, проценува дека во даночните раеви низ светот се наоѓаат меѓу 20 и 30 илјади милијарди американски долари затаени пари.
Макфакс
Светската новинарска истрага на јавноста ѝ овозможи увид во имињата на лицата кои се познати со оф-шор компаниите во т

Пронајдете не на следниве мрежи: