Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ често истакнува дека таа не е ПР на нејзината ќерка, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, па затоа не сака да одговара на прашањата за неа.
Кога новинарите ја прашаа дали наскоро ќе објави нова песна, бидејќи пред неколку дена тоа го направи нејзината ќерка, Цеца се налути.
-За разлика од мене, таа снима песни. Постави ми го пак тоа прашање, ќе се налутам, жими мајка. Да имаше нешто сама би објавила, нема да зборувам вака. Верувам дека песната го наоѓа пејачот и се надевам дека некој од авторите ќе смисли нешто за мене, изјави Ражнатовиќ.