Тоа што уште во ноември беше јасно дека Кристијано Роналдо се разделил со најмоќниот светски менаџер Жорге Мендес се потврди на промоцијата во новиот клуб на Португалецот, саудиски Ал Наср, за кој „седумката“ доби историски најголем договор од 200 милиони евра годишно.
Мендеш и Роналдо се разделија после бурното интервју кое крена огромна прашина кај Пирс Морган, по што беше раскинат договорот со Манчестер јунајтед, но уште од јуни односите се заладиле на релација фудбалер-менаџер, зашто Роналдо не бил најзадоволен од работата на Мендеш околу неговата иднина, зашто и тогаш сакаше да си замине од „Олд Трафорд“.