Новиот поглавар на римокатоличката црква, Хорхе Марио Бергољо, не се разликува од своите сонародници во Аргентина кога станува збор за најважната споредна работа на светот-фудбалот.Новиот папа е голем навивач на фудбалскиот клуб Сан Лоренцо. Бергољо, кој во средата беше избран за нов папа, има членска книшка на Сан Лоренцо веќе четири години.На клупскиот сајт, во средата, се појави слика на која папата држи во раката знаменце на Сан Лоренцо.„Тој вели дека пати поради Сан Лоренцо“, рекол Оскар Лукини, архитект по професија и навивач на клубот, кој на Бергољо пред четири години му ја врачил членската книшка.Сан Лоренцо последната шампионска титула во Аргентина ја освоил во 2007 година.
MакфаксНовиот поглавар на римокатоличката црква, Хорхе Марио Бергољо, не се разликува од своите сонародници во Аргентина кога