ТАЈВАН: Новиот претседател вети дека ќе ја заштити земјата од „кинеските закани“

Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те познат како Вилијам Лаи, по победата на денешните претседателски избори изјави дека ќе го заштити островот од „кинеските закани и заплашувања“.

„Решени сме да го заштитиме Тајван од постојаните закани и заплашувања на Кина“, рече новоизбраниот претседател, претставник на владејачката Демократска напредна партија (ДПП), во победничкиот говор пред неговите поддржувачи.

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со …
ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат …

Тој му честиташе на населението за „успешниот отпор на напорите на странските сили да влијаат на изборите“.

Гласачите денеска избраа нов претседател на Тајван и нов парламент.

По кампањата обележана со силен дипломатски и воен притисок од Кина, Лаи (64) победи на претседателските избори со 40,1 отсто од гласовите, според преброените 99,9 отсто од гласовите. Тој ја презема функцијата на 20 мај.

Кина пред изборите оцени дека Лаи претставува сериозна опасност поради неговите ставови за поддршка на независноста на Тајван, кој Кина го смета за своја територија.

Неговиот главен противник, Хоу Јуи, кандидат од опозициската Куоминтанг (КМТ), кој се залага за приближување со Пекинг, доби 33,5 отсто од гласовите, а третиот кандидат Ко Венџи од малата Тајванска народна партија (ТПП). кој се претстави како противник на естаблишментот е трет со 26,5 отсто од гласовите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.