„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7.10.2024 година, според претходно потпишан договор, 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје се преземени со управувачкиот пакет на компанијата.
Со нашето повеќегодишно искуство во менаџирање на фудбалски гиганти и соработка со десетици познати фудбалски клубови во Европа, ние ќе овозможиме брза финансиска, организациона и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во Македонија.
Во изминатите неколку години, како дополнување на нашите бизниси кои ги имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од Централна Европа или Балканот. Имавме неколку опции. Но благодарение на презентацијата и аргументите кои ни ги даде г-дин Миленко Неделковски, се решивме за најголемиот спортски бренд во Македонија.
Ајде да го направиме Вардар повторно голем.“, стои во изјавата на новиот сопственик на Вардар.